Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално ја презеде функцијата, најавувајќи ново поглавје во историјата на главниот град. На церемонијата во просториите на Град Скопје, тој истакна дека неговиот мандат ќе започне со работа, посветеност и резултати, како и со почитување на ветувањата дадени пред граѓаните.

Ѓорѓиевски најави голема акција за чистење на градот која започнува вечерва во 20:30 часот, и ќе трае следните 72 часа, со цел да се исчистат секој агол, секоја улица и секој запуштен простор. Тој исто така посочи дека Скопје повеќе нема да биде затворен град, отстранија рампите и градот сега ќе биде достапен за медиумите и сите граѓани.

„Секој кој се огрешил ќе одговара. Секој кој не ја извршувал својата работа, ќе си замине. Но, секој чесен, вреден и одговорен работник ќе биде награден и почитуван“, изјави Ѓорѓиевски, најавувајќи целосна ревизија на работата на градската администрација.
Тој истакна дека целта е Скопје повторно да стане симбол на достоинство, ред и надеж, и дека граѓаните заедно ќе овозможат подобро и чисто иднина за главниот град.























