Досегашната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, денеска официјално му ја предаде функцијата на новоизбраниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. На кратката средба во Градската куќа, Арсовска доби букет свежо цвеќе од Ѓорѓиевски, како симболичен гест на примопредавање и почит.
Претходно, Ѓорѓиевски од Градската изборна комисија го доби уверението за избор на функцијата прв човек на главниот град. Со ова и формално започнува неговиот мандат.
Данела Арсовска го заврши својот четиригодишен мандат започнат во 2021 година.























