УТРО.мк

Словенија не дозволи слетување на израелски авион

Словенија не дозволи слетување на израелски авион
Vero

Љубљана/Загреб, 3 јуни 2026 – Авион на израелската авиокомпанија Исреир, кој требаше да слета во словенечката престолнина Љубљана, не добил дозвола за слетување од словенечките власти и бил пренасочен кон Загреб, соопштија денеска од компанијата.

Од Исреир тврдат дека одлуката е донесена од словенечките власти и оценуваат дека станува збор за политички мотивиран потег. Извршниот директор на компанијата, Ури Сиркис, изјави дека ваквата одлука е спротивна на европските воздухопловни договори и прописи.

Според информациите објавени од „Џерусалем пост“, во решавањето на ситуацијата се вклучиле и израелското Министерство за надворешни работи и Управата за цивилно воздухопловство, кои се обиделе да обезбедат реализација на летот според планираната маршрута. Сепак, нивните напори не дале резултат.

Случајот се случува во период на политички промени во Словенија. Новиот премиер Јанез Јанша, лидер на Словенечката демократска партија (СДС), беше повторно избран на функцијата на 22 мај и важи за политичар кој отворено го поддржува Израел.

За време на претходната влада предводена од Роберт Голоб, Словенија беше меѓу европските држави со најкритичен однос кон израелската политика. Во мај 2024 година земјата ја призна палестинската држава, а во јули 2025 година воведе санкции против израелските министри Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрич.

Засега нема официјално објаснување од словенечките власти за причините поради кои не било дозволено слетувањето на авионот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран