УТРО.мк

ЈКП Водовод Битола: Во тек е реконструкција на внатрешната водоводна мрежа во ОУ „Гоце Делчев“

ЈКП Водовод Битола: Во тек е реконструкција на внатрешната водоводна мрежа во ОУ „Гоце Делчев“
Vero

ЈКП Водовод Битола информира дека во тек е реконструкција на внатрешната водоводна мрежа во ОУ „Гоце Делчев“, со цел подобрување на водоснабдувањето и обезбедување поквалитетни услови за учениците и вработените.

Во рамките на активностите, старите поцинкувани цевки се заменуваат со нови полиетиленски цевки со пречник од 63 милиметри, кои овозможуваат поголема издржливост и сигурност на системот.

Од претпријатието посочуваат дека со реализацијата на овој зафат ќе се обезбеди постабилно и поквалитетно водоснабдување во училиштето, како и намалување на можноста за дефекти и загуби во мрежата.

ЈКП Водовод Битола нагласува дека и понатаму останува посветено на унапредување на водоводната инфраструктура и обезбедување квалитетни услуги за граѓаните.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран