УТРО.мк

Македонци приведени во Хрватска – Ова се причините

Македонци приведени во Хрватска – Ова се причините
Vero

Тројца македонски државјани се осомничени за кривично дело оштетување на туѓ имот, откако во областа Цавтат во Хрватска биле оштетени сообраќајни знаци, корпи за отпадоци и информативни табли со налепници што содржеле кирилични букви, соопшти хрватската полиција.

Според информациите, по добиени пријави, службеници од граничната полициска станица Груда утврдиле дека објектите биле залепени со налепници поради што ја изгубиле својата првобитна намена и изглед.

Полицијата по пријавата пронашла двајца од осомничените, додека третиот бил лоциран следниот ден на аеродромот.

Станува збор за млади мажи на возраст од 23, 25 и 26 години, кои имале дозвола за престој во Хрватска.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран