
Во хотел на подрачјето на Бит Пазар во Скопје бил пронајден починат 74-годишен жител на Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, на 1 јуни 2026 година околу 11:40 часот во СВР Скопје било пријавено од Итната медицинска помош дека во хотелот е пронајдено безживотното тело на З.Ј. (74) од Тетово, кој престојувал како гостин во објектот.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.
На местото бил извршен увид од надлежните служби, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.
Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.















