УТРО.мк

Убиство со секира во Белград, убиецот не се обидел да побегне

Убиство со секира во Белград, убиецот не се обидел да побегне
Vero

Во центарот на Белград утрово се случил тежок крвав инцидент во кој, според српските медиуми, 26-годишен маж усмртил друга личност со секира.

Настанот бил пријавен околу 7 часот наутро, по што полицијата веднаш излегла на терен и затекнала осомничен на самото место, кој не се обидел да побегне.

Според неофицијални информации, тој останал на местото на злосторството и по пристигнувањето на полицијата наводно признал дека го извршил убиството, изјавувајќи: „Го убив со секира“. Потоа бил приведен од страна на полицијата.

На местото на настанот бил извршен увид од форензички екипи, а истражителите прибираат докази и ги утврдуваат околностите под кои се случило убиството, како и можниот мотив и односот меѓу осомничениот и жртвата.

Идентитетот на убиениот маж засега не е соопштен, а истрагата е во тек.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран