УТРО.мк

Пиромани снимени од надзорна камера како подметнува пожар

Пиромани снимени од надзорна камера како подметнува пожар
Vero

Бугарија се соочува со сериозна криза поради шумските пожари кои беснеат на стотици локации низ земјата, а бугарскиот премиер Росен Жељазков алармира дека 95 отсто од пожарите се резултат на човечка небрежност.

„Во моментот имаме активни околу 240 пожари на целата територија на државата,“ изјави Жељазков, упатувајќи апел до граѓаните за одговорно однесување, особено во услови на високи температури и екстремна суша кои го зголемуваат ризикот од нови пожари.

Дополнително загрижува и видеоматеријалот кој кружи на социјалните мрежи, каде двајца мажи – најверојатно со запалки за цигари – намерно подметнуваат оган во шума. Снимката, која потекнува од безбедносна камера во близина на Велико Трново, ја сподели здружението „Пожарникари Струмица“, укажувајќи на сериозноста на проблемот со подметнување пожари и во регионот.

Жељазков нагласи дека властите работат со сите расположиви ресурси за справување со ситуацијата, но клучна останува превенцијата и соработката со граѓаните. Тој ја потенцираше важноста на одговорното однесување, бидејќи дури и мала небрежност може да предизвика катастрофални последици за луѓето, животната средина и инфраструктурата.

Бугарија, како и целиот Балкан, овие денови се соочува со екстремно високи температури и сериозен ризик од шумски пожари, што дополнително ги оптоварува капацитетите на противпожарните служби.

ВИДЕО

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран