УТРО.мк

Драматична борба со пожарите во Црна Гора – Србија испрати хеликоптер, од Хрватска се чека канадер

Драматична борба со пожарите во Црна Гора – Србија испрати хеликоптер, од Хрватска се чека канадер
Vero

Големи пожари што во понеделник избувнаа на неколку локации во Црна Гора ја вклучија и регионалната солидарност. Хеликоптерска единица на српското Министерство за внатрешни работи веќе учествува во гаснењето, а од Хрватска се очекува канадер, потврди генералниот директор на Директоратот за заштита и спасување при црногорското МВР, Миодраг Бешовиќ.

Активни жаришта има во околината на Подгорица, каде пожарникарите спасувале куќи и евакуирале жители, на приморјето кај Будва, како и на северот, во близина на Бијело Поље. Црногорскиот МВР испратил барање за помош до Механизмот за цивилна заштита на Европската унија, а сè уште не е донесена одлука за обраќање кон НАТО.

„Очекуваме помош од Хрватите кои најавија дека ќе можат да испратат канадер, иако и тие имаат свои пожари во областа на Сплит. Утре ќе пристигне и српски хеликоптер ‘КАМ’ со капацитет од пет тони вода, што ќе ни биде од голема корист. Канадерот најверојатно ќе делува на приморјето или во близина на Скадарското Езеро, односно територијата на Подгорица, каде што ќе има најмногу потреба“, изјави Бешовиќ за порталот ETV.

Гаснењето го отежнува силен ветер, а на терен се и припадници на Војската на Црна Гора. Локалните служби од Подгорица добиле помош и од екипи од Даниловград и Беране, а стопански субјекти помагаат со дотур на вода. Подгоричките медиуми јавуваат дека е повреден еден пожарникар, но неговата состојба не е животно загрозувачка.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран