УТРО.мк

Грција испраќа два противпожарни авиони во Албанија за гаснење на шумските пожари

Грција испраќа два противпожарни авиони во Албанија за гаснење на шумските пожари
Vero

Грција ќе испрати два противпожарни авиони од типот ПЗЛ во Албанија за да помогне во гаснењето на големиот шумски пожар што избувна во областа Кронѓ, општина Фојник, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција, помошта следи по билатерално барање од Министерството за национална одбрана на Албанија до грчкиот координативен центар за операции и управување со кризи.

Двата авиони ќе полетаат од воздухопловната база на Крф и ќе се упатат кон погоденото подрачје во јужна Албанија со цел да помогнат во локализирањето и гаснењето на пожарот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран