УТРО.мк

Хрватска од октомври прва во регионот ја воведува новата ЕУ гранична контрола

Хрватска од октомври прва во регионот ја воведува новата ЕУ гранична контрола
Vero

Од 12 октомври 2025 година, Европската Унија воведува нов дигитален систем за влез и излез (EES), кој ќе ја замени класичната постапка со печатирање на пасошите за граѓаните од трети земји. Хрватска ќе биде првата земја во регионот што ќе го применува овој систем на своите гранични премини кон Србија и Босна и Херцеговина.

Системот EES ќе овозможи биометриска проверка преку фотографирање, земање отпечатоци од прсти и дигитална регистрација на личните и патните податоци при секој влез и излез од Шенген зоната. Ова ќе ја забрза контролата, ќе спречи злоупотреби и ќе го олесни следењето на престојот во ЕУ.

Министерството за внатрешни работи на Хрватска предупредува дека поради новите процедури, особено во туристичката сезона, може да има поголеми гужви на граничните премини. Патниците се советуваат да ги проверат пасошите и да бидат подготвени за биометриската идентификација.

Покрај EES, ЕУ воведува и системот ETIAS, кој подразбира онлајн апликација со такса, додека EES не наплаќа такси и се применува секој пат при влез во ЕУ.

Воведувањето на новиот систем ќе трае шест месеци, по што печатите во пасошите ќе бидат укинати, а сите податоци ќе се чуваат дигитално, овозможувајќи побезбедна и поефикасна гранична контрола.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран