Пицерија во Италија се најде под жестоки критики откако на сметката за пицата „триколоре“ 31-годишната олимписка пливачка Елене Ди Лиддо забележа дополнителна наплата од 1,50 евра со образложение „без домати“. Дополнително, таа платила уште 1,50 евра за верзија без лактоза.
Ди Лиддо на својот Инстаграм објави фотографија од сметката, изразувајќи револт дека се наплатува нешто што не го јадела и праша дали ова е законски. Случајот предизвика внимание во италијанските медиуми и отвори дискусија за ваквите практики во угостителството.
Италијанските ресторани во последните години се соочуваат со критики поради слични случаи, како наплата за мала чаша вода од чешма, трошоци за преполовување сендвич или за посебни барања како лажица или коцки мраз.
Оваа практика предизвика гнев кај клиентите кои се плашат дека ваквите дополнителни такси може да станат нов тренд во угостителската индустрија.