УТРО.мк

Израел изврши најсилен напад врз Газа во последните недели

Израел изврши најсилен напад врз Газа во последните недели
Vero

Палестинските извори јавуваат за најсилното израелско бомбардирање во последните недели во источниот дел на градот Газа, само неколку часа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави „доволно брз“ крај на проширената офанзива.

Во нападот на болницата Ал Шифа загинаа шест новинари, меѓу кои и дописникот на Ал Џазира, Анаc ал-Шариф, пренесува агенцијата ДПА.

Очевидци пријавуваат дека израелските тенкови и авиони гранатирале во источните приградски населби Сабра, Зеитун и Шеџаја, предградија на северот од Газа, по што голем број жители биле принудени да бегаат кон запад.

Дел од населението изјави дека ноќта кон понеделник била една од најлошите во последните недели, со страв од можно проширување на офанзивата во градот со близу еден милион жители.

Израелската војска соопшти дека ги напаѓа милитантите од Хамас. Засега нема информации за копнена офанзива, иако е донесен нов план од безбедносниот кабинет за воспоставување контрола врз тој регион, што предизвикува отпор во делови од израелското општество, војската и меѓународната заедница.

Премиерот Нетанјаху изјави дека наредил брзо планирање на нова офанзива насочена кон градот Газа, кој го прогласи за „престолнина на тероризмот“ на Хамас, со можна следна цел да биде крајбрежниот дел од појасот.

Во меѓувреме, Германија го прекина извозот на оружје за Израел, додека Италија предупреди дека новата офанзива може да се претвори во „израелски Виетнам“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран