Од последниот квартал на 2026 година, патувањето во земјите од Европската Унија ќе биде поврзано со нова такса од 20 евра, која ќе се плаќа преку системот ETIAS. Ова е нова мерка за зајакнување на безбедноста и олеснување на патувањето за државјани на трети земји кои се ослободени од визен режим.
ETIAS претставува електронски систем за информација и одобрување на влез кој ќе ги собира потребните лични податоци и информации од апликантите, а таксата од 20 евра ќе важи три години. Таквата корекција на цената е резултат на зголемената инфлација и новите технички функции во системот, одлучи Европската комисија.
За апликација ќе биде потребна важечка патна исправа која не смее да биде постара од 10 години и не смее да истекува за помалку од три месеци, како и платежна картичка за плаќање на таксата.
Преходно, во октомври 2025 година, ќе почне воведувањето на системот EES (Систем за влез/излез), кој ќе собира биометриски податоци од патниците како фотографија и отпечатоци од прсти. Одбивањето на давање биометриски податоци ќе значи одбивање на влез во земјите членки на ЕУ што го користат овој систем.
Со овие нови мерки Европската Унија ги зајакнува контролите на своите граници и ги модернизира процедурите за патување, со цел поголема безбедност, но и поголема контрола врз движењето на луѓето.