Започнаа работите за реконструкција на салата „Партизан“. Денес бев таму, заедно со Бекимот, за да ги видам одблиску интензивните градежни активности.
Оваа инвестиција од 1.5 милиони евра целосно ќе го трансформира овој спортски простор, претворајќи го во една модерна и функционална спортска установа, достојна за нашите спортисти и новите генерации.
Салата „Партизан“, која некогаш беше симбол на спортот во Чаир, повторно добива живот. Ќе ги има сите услови што му се потребни на еден современ спортски објект: за тренинг, натпревари и развој на млади таленти.
За само неколку месеци, оваа сала повторно ќе ги отвори вратите за заедницата посилна, поубава и попрофесионална од кога било досега.
Ова е Чаирот што го сакаме!
Чаир на младите, на спортот, на можностите.
