УТРО.мк

Ахмети губи уште еден сојузник: Турската партија ТДП најавува крај на коалицијата со „Фронтот“

Ахмети губи уште еден сојузник: Турската партија ТДП најавува крај на коалицијата со „Фронтот“
Vero

Претседателот на Турската демократска партија (ТДП), Зулфикар Зејнула, во интервју за порталот TimeBalkan најави дека соработката со „Фронтот за Европа“ предводен од ДУИ завршила. Тој изрази загриженост за сè поостриот политички речник кој го користат двата најголеми етнички блока во земјава, нагласувајќи дека ТДП отсега ќе ги штити приоритетно интересите на турската заедница.

„Одлуката да учествуваме на изборите во 2024 година преку Фронтот беше донесена во согласност со тогашните политички околности и интересот на нашиот народ. Денес сме во нов процес“, рече Зејнула.

Иако пратеникот на ТДП, Бејџан Илијаз, сè уште делува како дел од пратеничката група на Фронтот, во партијата се разгледува можноста за нова политичка ориентација пред локалните избори.

„Немаме затворен став околу идниот коалициски партнер. Она што е важно е заштитата на правата и интересите на турската заедница. Нашата лојалност не е кон коалиции, туку кон принципи“, истакна Зејнула, додавајќи дека ТДП спроведува внатрепартиски консултации и дека, доколку биде потребно, ќе го праша и народот за поддршка на идната насока.

Извор: журнал.мк

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран