УТРО.мк

Празнична промоција на возилата GEELY И LYNK&CO во Маврово

Празнична промоција на возилата GEELY И LYNK&CO во Маврово
Vero

 По повод празникот Илинден, на спортското игралиште во рамки на хотелот „Спорт“ во Маврово, се одржа промотивен настан на кој беа претставени возилата од брендовите Geely и Lynk&Co. Настанот беше организиран од страна на Делфино Мобилити Груп, со цел непосредно да им се приближат иновативните и технолошки напредни модели на посетителите кои го поминуваа викендот во ова туристичко место.

На настанот беа изложени Geely Coolray, Lynk&Co 01 (хибридно возило) и Lynk&Co 02 (целосно електрично возило), привлекувајќи значителен интерес кај семејствата и посетителите. Присутните имаа можност одблизу да се запознаат со дизајнот, комфорот и квалитетот на внатрешниот ентериер, како и со напредните безбедносни и дигитални системи кои овие модели ги нудат.

Интересот и свесноста за перформансите на возилата беше значително висок. Многу од присутните веќе беа добро запознаени за Geely и Lynk&Co, а голем дел од нив се пријавија и за пробно возење. Посебен интерес беше изразен за техничките карактеристики како потрошувачката на гориво, автономијата на електричните возила, капацитетот на багажниот простор и системите за активна и пасивна безбедност.

Најмладите посетители беа особено импресионирани од мултимедијалните функционалности и квалитетот на озвучувањето, што дополнително придонесе за позитивната атмосфера на настанот.

Присутноста и информираноста на посетителите покажа дека претходно постоечките стереотипи за кинеските возила Geely и Lynk&Co се надминати, веќе се препознаваат како висока класа, па дури и супериорни алтернативи на многу европски возила.

Поради големиот интерес и позитивните реакции, Делфино Мобилити Груп најавува нови вакви настани, вклучително и повторна презентација во Маврово до крајот на месец август.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран