Платформата X ја претстави долго најавуваната „Chat“ услуга, која целосно ги заменува досегашните приватни пораки и ги претвора во напредна апликација за комуникација налик WhatsApp, Telegram и Viber.
Новата функција носи видео и аудио повици, испраќање фајлови, уредување и бришење пораки, како и end-to-end енкрипција со известување доколку некој направи скриншот. „Chat“ веќе е достапен на iOS и веб, а Android верзијата пристигнува наскоро. Најавена е и опција за кратки гласовни пораки.
По кратка пауза поради технички проблеми, енкрипцијата е повторно активна – сега се заштитени и групните разговори и медиските содржини. Сепак, метаподатоците не се шифрирани, а X јавно признава дека системот не пружа заштита од man-in-the-middle напади, што предизвика лавина реакции.
Компанијата најавува нови алатки кои ќе овозможат проверка на автентичноста на шифрираните разговори и поголема безбедност за корисниците.























