УТРО.мк

Трамп подготвен за воени удари во Мексико за да го сопре шверцот на дрога

Трамп подготвен за воени удари во Мексико за да го сопре шверцот на дрога
Vero

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да одобри воени напади на мексиканска територија доколку тоа се смета за неопходно во борбата против криумчарењето на дрога. Коментарот го даде вчера во Белата куќа, пренесува Hill.

„Дали би наредил напади на Мексико за да ја запреме дрогата? За мене тоа е во ред. Ќе направиме сè што треба за да ги сопреме наркотиците“, изјави Трамп, додавајќи дека внимателно го следел Мексико Сити за време на викендот и дека ситуацијата таму, според него, е „многу сериозна“.

На прашањето дали би побарал официјална дозвола од Мексико за евентуални операции, Трамп избегна конкретен одговор, но истакна дека е во редовна комуникација со мексиканските власти. „Тие добро го знаат мојот став“, нагласи тој.

Трамп најави дека ќе се обрати до Конгресот за добивање одобрение за можни воени или разузнавачки акции, уверувајќи дека би добил поддршка и од републиканците и од демократите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран