УТРО.мк

Снајперисти на улиците на Берлин, влегле и во метро, во Минхен застрелан војник: „Мислевме дека ситуацијата е вистинска“

Снајперисти на улиците на Берлин, влегле и во метро, во Минхен застрелан војник: „Мислевме дека ситуацијата е вистинска“
Vero

Германската армија започна петдневна вежба за урбано војување во Берлин, со цел брза реакција и заштита на клучната инфраструктура, во време кога европската безбедносна ситуација се менува по руската инвазија на Украина, известува Euronews.

Вежбата под име Bollwerk Bärlin III започна во неделата и ја спроведува почесната гарда на Бундесверот на повеќе локации во Берлин и околината – од подземната станица Јунгфернхајде, преку полицајското полигоно Руљебен, до напуштениот комплекс на некогашната хемиска фабрика во Рудерсдорф.

Од Бундесверот истакнуваат дека војната во Украина покажала потреба Германија дополнително да ја зајакне подготвеноста за одбрана. Град како Берлин, со тесни улици, високи згради и тунели на метрото, бара специфична обука која во нормални услови не може да се спроведува.

Војниците вежбале сцена на борба во град, заштита на клучни објекти, спречување саботажи и евакуација на повредени. Посебен акцент бил ставен на борбата во тунели, па обуките на станицата Јунгфернхајде се одвивале рано наутро. За време на вежбите биле распоредени и снайперисти, а се користела маневрска муниција за да се избегне опасност за граѓаните.

Почесната гарда ја исполнува својата клучна задача за одбрана на Берлин ако се појави потреба – велат од Бундесверот, додавајќи дека сите активности се спроведуваат според строги безбедносни протоколи и во координација со градските власти.

Дел од воените возила се движат низ градот, па можни се краткотрајни застои, а јавниот превоз може понекогаш да касни, иако без целосни прекини, информира локалниот превозник BVG.

Во меѓувреме, на друга вежба во Баварија – Marshal Power 2025 – дошло до сериозен инцидент кога полицијата, мислејќи дека ситуацијата не е дел од вежбата, отворила вистински оган и погодила војник во лице. Баварскиот министер за внатрешни работи, Јоаким Херман, објави дека полицајците излегле на терен по итен повик и испукале предупредувачки куршуми, на што војниците одговориле со маневрска муниција. Полицајците, мислејќи дека ситуацијата е реална, испукале вистински куршуми.

Државното обвинителство и криминалистичката полиција спроведуваат истрага, а првичните информации покажуваат дека полицајците верувале дека вежбата сè уште не започнала. Бундесвер ја опишува вежбата Marshal Power 2025 како една од најсложените домашни вежби, насочена кон националната одбрана.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран