Поради напади на руски воздухопловни сили со долг дострел врз територијата на Украина, полските вооружени сили и НАТО ја активираа авијацијата и системите за воздушна одбрана во полскиот воздушен простор утрово, соопшти оперативната команда на полскиот Генералштаб.
Дежурните парови ловци беа кренати во воздух, додека радарските системи и системите за воздушна одбрана достигнаа највисоко ниво на подготвеност. По престанокот на руските напади, дејствата на полските и сојузничките воздухопловни сили завршија и системите беа вратени на стандардна оперативна активност.
Во исто време, руските трупи започнаа комбиниран напад врз Украина со крстосувачки ракети и беспилотни летала, додека низ целата земја беше прогласена воздушна тревога.