УТРО.мк

Битолчани купуваат куќи, скопјани станови – цените растат, продажбата се намалува

Битолчани купуваат куќи, скопјани станови – цените растат, продажбата се намалува
Vero

Најновите податоци на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека трендот на пазарот на недвижности во вториот квартал од годината е специфичен: битолчани се ориентираат кон купување куќи, додека скопјани најмногу купуваат станови. Најмногу станови се продадени во Општина Аеродром во Скопје – 164, а најмногу куќи се купени во Битола – 60.

Продажбата на станови во вториот квартал е значително помала во споредба со првиот. Во периодот од 1 април до 30 јуни, инвеститорите продале 676 новоизградени стана, што претставува намалување од 178 стана.

Цените продолжуваат да бидат највисоки во Скопје и Охрид. Најскапиот метар квадратен е регистриран во скопската Општина Центар – продаден е стан од 96 квадратни метри за 260.000 евра, што изнесува 2.708 евра по квадрат. Најевтино е во Струмица, каде метар квадратен се продава за само 320 евра.

Според анализите, купување стан од 60 квадрати во Скопје би барало девет години целосно вложување на платата, а кога се земаат предвид и тековните трошоци за живот, времето се зголемува на над 23 години. За споредба, жител на Хонг Конг треба 21 година да работи за стан, а во Париз и Лондон – околу 15 години.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран