УТРО.мк

Меџити со младите од Чаир: „Тие се силата што ќе ја води иднината на општината“

Меџити со младите од Чаир: „Тие се силата што ќе ја води иднината на општината“
Vero

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска имаше средба со младите од Чаир, меѓу кои и оние кои оваа есен ќе гласаат за првпат.

„Беше навистина инспиративно да ја почувствувам нивната енергија и да ги слушнам нивните идеи. Тие се силата која ќе го промени и ќе го води Чаир во иднина“, истакна Меџити.

Тој нагласи дека е горд што Чаир располага со здрава, ентузијастична и добро едуцирана младина, што е доказ дека општината има светла иднина.

Во обраќањето, Меџити посочи на проектите кои веќе се реализираат за младите – нови пливачки базени, модерен спортски комплекс налик на „Борис Трајковски“, младински центар со современа библиотека и повеќе спортски терени.

„Со 40 милиони евра инвестираме во новиот кампус на Универзитетот ‘Мајка Тереза’, а со тоа отвораме нови можности за образование, спорт, култура и забава. Сакам Чаир да биде место каде што младите ќе сонуваат, ќе создаваат и ќе живеат достоинствено“, изјави тој.

Посебен акцент стави и на оживувањето на Старата чаршија, која, како што рече, треба повторно да стане простор за младите и културниот живот.

„Верувам дека сите овие инвестиции ќе направат Чаир да стане вистинско место за активна и креативна младина“, додаде Меџити.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран