УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Рождеството на Пресвета Богородица нека донесе радост, мир и благослов во секој дом

Ѓорѓиевски: Рождеството на Пресвета Богородица нека донесе радост, мир и благослов во секој дом
Vero

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, им посака среќа и здравје на граѓаните по повод Рождеството на Пресвета Богородица.

„Најголемата радост е да се биде меѓу својот народ. Честа и задоволството што ни ги дадовте да следната година со мојата сопруга и Ведран бидеме ваши кумови, се навистина големи и бесценети“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој изрази благодарност до присутните за создавањето на возвишена и прекрасна атмосфера на празникот, нагласувајќи дека вербата во Бог нека никогаш не нè напушти. „Нека чекориме по патот на чесноста, добрината и човекољубието – само така ќе бидеме подобри луѓе и ќе придонесеме за заедничкото добро на нашето Скопје и Република Македонија“, порача градоначалникот.

Ѓорѓиевски им посака здравје, среќа, топлина и бериќет во секој дом, со надеж дека Бог ќе ги исполни животите на граѓаните со радост и мир.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран