УТРО.мк

Ако планирате да патувате во Унгарија ова треба да го прочитате

Ако планирате да патувате во Унгарија ова треба да го прочитате
Vero

Од почетокот на октомври, Европската Унија започнува со примена на новиот систем за влез/излез (EES) наменет за граѓани на трети земји кои патуваат во Шенген зоната за краток престој, објави унгарската полиција.

Имплементацијата ќе се одвива постепено – прво на границата меѓу Унгарија и Украина, потоа со Србија, а подоцна и на граничните премини на аеродромите.

Системот има за цел зајакнување на безбедноста на надворешните граници на ЕУ и борба против нелегалната миграција. Според унгарската агенција MTI, новиот механизам ќе помогне и во идентификација на прекршители на правилата, како и во спречување и истрага на терористички и други тешки кривични дела.

EES ќе собира и складира податоци за патниците – датум и место на преминување на границата, фотографија и отпечатоци од прсти, како и причини доколку влезот биде одбиен. Биометриската проверка ќе се врши во специјално опремени зони со камери, а постапката се изведува само еднаш при првото влегување.

Од 12 октомври, граѓаните на Србија кои за прв пат ќе ја минат границата со Унгарија ќе треба да дадат биометриски податоци. Истиот систем ќе важи и за патници од САД, Канада, Велика Британија, Австралија и други држави надвор од ЕУ и Шенген.

EES регулира краткорочни престои до 90 дена во период од 180 дена и ќе се применува во вкупно 29 земји – 25 членки на ЕУ (со исклучок на Кипар и Ирска), плус Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија.

Според најавите, на почетокот можно е да има подолги чекања на границите, но унгарската полиција уверува дека со новата опрема и подобрениот систем за регистрација ќе се обезбеди ефикасно преминување.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран