УТРО.мк

ВИДЕО – Насилни протести во Холандија против мигранти: Уапсени 30 лица, повредени полицајци

ВИДЕО – Насилни протести во Холандија против мигранти: Уапсени 30 лица, повредени полицајци
Vero

Холандската полиција синоќа употреби солзавец и водени топови за да растера насилни демонстрации во Хаг против пристигнувањето на мигранти.

Според полициските податоци, најмалку 30 лица се уапсени, а двајца полицајци се повредени во судирите со демонстранти кои фрлаа камења и шишиња кон безбедносните сили. Околу 1.500 лица го блокираа автопатот што минува низ градот, а едно полициско возило беше запалено, пренесе агенцијата АНП.

Протестот беше организиран од десничарски активисти кои бараат построги миграциски политики и поголема контрола врз барателите на азил. Насобраните демонстранти скршија и прозорци во седиштето на централно-левичарската партија Д66, која е мета на критики од крајната десница. Во моментот на нападот, никој не се наоѓал во просториите на партијата.

Иако десничарскиот лидер Герт Вилдерс, чија партија PVV води во анкетите пред изборите на 29 октомври, беше поканет да зборува, тој не присуствуваше. Сепак, Вилдерс го осуди насилството врз полицијата, нарекувајќи ги извршителите „идиоти“.

Политичката криза околу миграцијата трае со месеци. Во јуни, холандската влада се распадна откако Вилдерс ја повлече својата партија од владејачката коалиција, барајќи 10 дополнителни мерки за азил – меѓу кои замрзнување на барањата, прекин на изградба на прифатни центри и ограничување на семејното обединување.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран