УТРО.мк

Алармантна состојба во Хрватска: Најголема епидемија на африканска свинска треска досега

Алармантна состојба во Хрватска: Најголема епидемија на африканска свинска треска досега
Vero

Африканската свинска треска (АСК), која претходно беше регистрирана во Србија и БиХ, повторно се појави и во Хрватска, предизвикувајќи најголема епидемија на оваа болест досега.

Министерката Наталија Трамишак потсети дека вирусот првпат влегол во земјата во 2023 година, но со мерки на Министерството за земјоделство бил ставен под контрола. Сепак, по новите жаришта во Јагодњак и Даљ, болеста се прошири и на големи фарми.

Вицепремиерот и министер за земјоделство Давид Влајчиќ потврди дека вирусот е откриен на фармата „Беље“ во Барања, каде што ќе мора да бидат еутаназирани околу 10.000 свињи. „Се соочуваме со најголемата епидемија на оваа болест во Хрватска досега“, изјави тој, додавајќи дека заразата е потврдена и во Неметин кај Осиек, во објект со 1.600 свињи.

Влајчиќ истакна дека главен преносител на болеста е човекот – преку неодговорно однесување и нелегална трговија со животни. Од 2023 година, Хрватска изгубила околу 41.000 свињи, а со новите случаи бројката ќе надмине 50.000, што претставува пет проценти од целокупната популација.

Како дел од мерките, најавени се заострени гранични контроли, полициски пунктови, 24-часовен надзор над големите фарми и вклучување на армијата во дезинфекција и организација на еутаназија.

„Ако не бидеме решителни, ризикуваме да влеземе во изолација во рамки на ЕУ, што би било катастрофа за хрватското свињарство“, предупреди Влајчиќ.

Според проценките, најголем удар ќе претрпат фармерите во осиечко-барањската и вуковарско-сремската жупанија, каде што е концентрирана најголемата продукција на свињи во Хрватска.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран