Во Белград денеска се одржува голема воена парада под мотото „Силата на единството“, по повод Денот на српското единство, слобода и националното знаме.
Според Министерството за одбрана, во парадата учествуваат околу 10.000 припадници на вооружените сили, со повеќе од 2.500 примероци оружје и воена техника, над 600 возила, 70 авиони и 20 пловила.
Во воздухопловниот ешалон се претставуваат МиГ-29, „Орел“, Ц-295 КАСА, Ми-35М и Х-145, додека на земја се изложени современи противвоздушни системи „ФК-3“ и HQ-17, радари ГМ400, оклопни возила „Милош“, „МРАП“, „Лазар 3“, „Хамер“ и БОВ ОТ.
Меѓу новитетите се израелскиот повеќецевен ракетен фрлач PULS и беспилотни летала, како и руски системи за антиелектронско војување „Красуха“ и „Репелент“.
На дефилето маршираат единици од сите родови и служби на српската армија, кадети од Воената академија и состави на возила и пловила од речната флотила.