На 20 септември 2025 година во 16:35 часот, полициски службеници од ПО Групчин го лишиле од слобода Н.И.(70) од село Чифлик. Тој се сомничи дека, додека ја чистел својата нива на местото викано „Ливада“ на стариот пат од Чифлик кон Ларце, ја запалил собраната сува трева и предизвикал пожар, кој бил навремено изгаснат.
Н.И. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.