УТРО.мк

Двајца Турци уапсени во Скопје – Полицијата со детали

Двајца Турци уапсени во Скопје – Полицијата со детали
Vero

Двајца државјани на Република Турција со привремен престој во Скопје се лишени од слобода, откако предизвикале пожар во скопското село Горно Нерези.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во саботата околу 18 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги уапсиле Џ.К.(50) и А.А.(43). Тие се сомничат дека додека работеле со апарат за заварување на плац во Горно Нерези, од искрите се запалила сува трева, по што огнот се проширил и надвор од градежната површина.

Во интервенцијата учествувала Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, која успеала да го локализира пожарот и да спречи негово понатамошно ширење. За среќа, нема повредени лица.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран