УТРО.мк

Пожари беснеат во Турција: Евакуирани стотици домови, огнената стихија не запира!

Пожари беснеат во Турција: Евакуирани стотици домови, огнената стихија не запира!
Vero

Во Турција продолжува борбата со големиот шумски пожар во округот Којџегиз, покраината Мугла, кој избувна во саботата и се шири поради силните ветрови. Во гаснењето се вклучени 147 цистерни, 123 возила, 20 машини и 949 пожарникари, а од воздух помагаат 10 авиони и 14 хеликоптери.

Најмалку 230 домаќинства се евакуирани, уништени се две згради, а 20 лица се повредени, од кои едно е хоспитализирано. Дополнително, серија други пожари го зафати регионот: во округот Аксу во Анталија пожарот е ставен под контрола, но гости од повеќе хотели биле евакуирани, додека 150 домови биле евакуирани во близина на Аланија.

Шумските пожари се пријавени и во покраините Ајдин и Мугла. Генералниот директорат за шумарство информира дека во гаснењето учествуваат 14 авиони, 20 хеликоптери и повеќе од 800 лица. Гувернерот на Анталија, Хулуси Шахин, предупреди дека „една искра, отпушок или запален отпад може да предизвика катастрофа“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран