УТРО.мк

Британија во недела ќе ја признае Палестина, и покрај противењето на САД

Британија во недела ќе ја признае Палестина, и покрај противењето на САД
Vero

Велика Британија во недела ќе ја признае палестинската држава, потврдија британските медиуми, иако одлуката предизвика силен притисок од Соединетите Држави, како и реакции од семејствата на израелските заложници кои ги држи Хамас.

Премиерот Кир Стармер уште во јули најави дека признавањето ќе се случи во септември, доколку состојбата во Газа не се подобри. Според BBC, владата заклучила дека ситуацијата на теренот драстично се влошила последните недели, со продолжени напади и хуманитарна криза, што дополнително ја зајакнало одлуката.

Признавањето на Палестина претставува пресврт во британската надворешна политика, бидејќи претходните влади сметаа дека тоа треба да се случи како дел од сеопфатен мировен договор. Сегашната влада тврди дека има морална одговорност да ја одржи надежта за решение со две држави.

Одлуката на Лондон наиде на критики од Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не се согласува со премиерот“ Стармер, а водечки конгресмени предупредија дека потегот ќе го зајакне Хамас и ќе ја загрози безбедноста на Израел.

Против признавањето реагираа и семејствата на заложниците од нападот на 7 октомври 2023 година, предупредувајќи дека одлуката може да ги попречи преговорите за нивното ослободување.

Домашната опозиција, предводена од конзервативците и лидерот на Реформската партија Најџел Фараж, исто така остро ја критикуваше одлуката на владата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран