Полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Е.А.(42) од село Василево, кој се сомничи дека на 20 септември околу 12 часот подметнал пожар на локацијата „Џидет“ во атарот на селото. Во пожарот била зафатена нива со сува вегетација, а Територијалната противпожарна единица Струмица го изгаснала пожарот без повредени лица. Увид на местото извршиле полициска екипа и инспектор за пожари. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица е известен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.