УТРО.мк

Физички напад: Одземено оружје по интервенција на полицијата

Физички напад: Одземено оружје по интервенција на полицијата
Vero

На 20 септември 2025 година во селото Зајас, општина Кичево, беше нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.Д. (64) врз Т.М. (59), двајцата од истото село.

По интервенција на полицијата и врз основа на судска наредба, од А.Д. се одземени еден пиштол „Берета“ калибар 9 милиметри, една ловна пушка, еден ловен карабин „Бенели“ и една дозвола за оружје.

По целосно расчистување и документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран