УТРО.мк

Британски борбени авиони над Полска

Британски борбени авиони над Полска
Vero

Два британски борбени авиони „Тајфун“ на Кралските воздухопловни сили извршија прелет над Полска како дел од мисијата на НАТО „Источна стража“. Акцијата беше одговор на нарушување на полскиот воздушен простор и има за цел да испрати „јасен сигнал дека воздушниот простор на НАТО ќе биде заштитен“, изјави британскиот министер за одбрана Џон Хили.

Авионите полетаа од воена база во источна Англија во петокот вечерта и се вратија во Велика Британија рано наутро. Британската влада нагласи дека „Источна стража“ е одговор на најзначајното нарушување на воздушниот простор на НАТО од Русија досега.

На 10 септември, Полска активираше сопствени средства и воздушна одбрана на НАТО поради дронови што влегле во нејзиниот воздушен простор, нарекувајќи го инцидентот „чин на агресија“. Русија пак, соопшти дека не планирала напади врз Полска и ги обвини украинските сили за присуството на дроновите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран