УТРО.мк

Украинецот обвинет за саботажата на „Северен тек“ во Италија започна штрајк со глад

Украинецот обвинет за саботажата на „Северен тек“ во Италија започна штрајк со глад
Vero

Украинскиот државјанин Серхиј К., кој германските власти го сметаат за главен осомничен за нападите врз гасоводите „Северен тек“, започна штрајк со глад во италијански затвор, јавува германскиот весник „Шпигел“.

Според информациите, 49-годишниот Украинец е во притвор од август, кога бил уапсен додека бил на одмор со своето семејство во близина на Римини. Тој протестира од 31 октомври, барајќи да му се гарантираат основните човекови права, вклучувајќи подобра исхрана, здрави услови за престој и еднаков третман со останатите затвореници.

Случајот предизвикува дипломатски спор меѓу Германија и Италија, бидејќи екстрадицијата на Серхиј К. кон германските власти сè уште не е спроведена. Судот во Болоња неодамна ја одобри неговата екстрадиција, но адвокатот најави жалба на одлуката. Засега не е познато кога ќе се одржи следното рочиште.

Федералното обвинителство во Германија го товари Серхиј К. за заедничко предизвикување на експлозија и неуставна саботажа во врска со оштетувањето на двата гасоводи во Балтичкото Море на 26 септември 2022 година — напад што се смета за еден од најголемите чинoви на саботажа во поновата европска историја.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран