Украински воени лица и волонтери го обвинија контроверзниот полковник Валентин Манко за нарушување на безбедноста, откако на „ТикТок“ објавил видео кое, наводно, прикажува интерни воени карти што ги користи украинската армија.
Командантот на 108. баталјон „Волците на Да Винчи“, Сергеј Филимонов, објави фотографија на која Манко стои пред мапа со обележани позиции, прашувајќи се како може да биде кандидат за командант на јуришните трупи.
Манко ги негираше обвинувањата, тврдејќи дека се работи за „обична Гугл мапа“ со означени подрачја под руска и украинска контрола и дека станува збор за медиумска провокација. „Ова ги понижува вооружените сили“, изјави тој.
По избивањето на скандалот, Манко го избриша својот „ТикТок“ профил. Украинскиот активист Сергиј Стерненко го критикуваше, предупредувајќи дека вакви објави можат да му помогнат на непријателот. Случајот повторно ја отвори темата за нарушената оперативна безбедност во војските на Украина и Русија.























![Балканскиот рис забележан меѓу есенските бои на Македонија [ВИДЕО]](https://wsrv.nl/?url=https://eu-central-1.linodeobjects.com/cmsnebula/screenshot-2025-10-30-114850-1000x598.png&w=256&q=75&we)







