УТРО.мк

Божиновска: Македонија инвестира во одржлива и сигурна енергетска иднина

Божиновска: Македонија инвестира во одржлива и сигурна енергетска иднина
Vero

На 14-от Глобален форум за одржлива енергија (IFESD-14), министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, истакна дека развојот на одржливи и модерни енергетски системи е приоритет за Македонија.

Во рамки на форумот, генералниот директор на АД МЕПСО, проф. д-р Бурим Љатифи, зборуваше за иднината на електропреносниот систем, нагласувајќи дека отпорноста, флексибилноста и координацијата се клучни за сигурно и доверливо функционирање на мрежата. Божиновска ја поздрави активноста на МЕПСО во оптимизацијата на напонскиот профил, модернизацијата на SCADA системот и интеграцијата во европските платформи за балансирање, како дел од подготовката на мрежата за идните предизвици.

„Мрежата ќе биде систем од системи – поврзана, интелигентна и флексибилна. Така ја градиме идната, климатски неутрална енергетска инфраструктура,“ истакна Љатифи, при што Божиновска нагласи дека ваквите иницијативи се во согласност со стратегијата на Министерството за енергетика за одржлив и сигурен енергетски развој.

Форумот „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“ собра над 600 учесници од 70 земји, кои заеднички дискутираа за иднината на енергетските системи и креираа визија за стабилна и одржлива енергетска иднина.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран