Генералниот директор на АД МЕПСО, проф. д-р Бурим Љатифи, учествуваше на 14-от Глобален форум за одржлива енергија (IFESD-14), каде зборуваше на панел-дискусијата посветена на иднината на енергетските системи.

Во своето обраќање, Љатифи нагласи дека отпорноста, флексибилноста и координацијата се клучни принципи за сигурно и доверливо функционирање на електропреносниот систем. Тој посочи дека МЕПСО континуирано работи на оптимизација на напонскиот профил, модернизација на SCADA системот и интеграција на европските платформи за балансирање – активности што ја подготвуваат преносната мрежа за предизвиците на иднината.

„Мрежата ќе биде систем од системи – поврзана, интелигентна и флексибилна. Така ја градиме идната, климатски неутрална енергетска инфраструктура,“ изјави Љатифи.
Форумот, одржан под мотото „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“, ги обедини повеќе од 600 учесници од 70 држави, кои заеднички ја градеа визијата за сигурна, стабилна и одржлива енергетска иднина.































