УТРО.мк

Британски инструктор уапсен во Украина под сомнение за шпионажа во корист на Русија

Британски инструктор уапсен во Украина под сомнение за шпионажа во корист на Русија
Vero

Украинското обвинителство соопшти дека е уапсен неименуван Британец кој, додека работел како воен инструктор во Украина, доставувал информации до руска разузнавачка служба, објави Би-Би-Си. Според обвинението, осомничениот пристигнал во Украина во јануари 2024 година и спровел обука за војници во Николаев, а подоцна работел и за украинските гранични трупи.

Обвинителството наведува дека тој престанал да работи како инструктор во септември 2024 година и се преселил во Одеса, каде што, како што тврдат истражителите, воспоставил контакт со претставник на руските специјални служби и се согласил да им доставува воени информации во замена за пари. Според украинските власти, постојат докази дека во мај 2025 година тој испратил локации на украински единици, фотографии од полигони за обука и податоци за војници кои можеле да послужат за нивна идентификација.

Осомничениот е уапсен и се наоѓа во притвор без право на кауција додека трае истрагата; според обвинението му се заканува затворска казна до 12 години. Покрај шпионажата, тој е обвинет и за собирање информации за објекти во Одеса, обид за пристап до воени единици и, како што тврдат властите, дури и за дискусии за „можноста за употреба на експлозивни направи“. За една од наводните задачи, поранешниот инструктор, според обвинението, добил 6.000 долари од руската страна.

Безбедносната служба на Украина (СБУ) во посебна изјава наведе дека осомничениот „се подготвувал да изврши терористички напади“, дека поседувал професионални вештини за работа со огнено оружје и тактичка обука и дека ја изразил подготвеноста да делува преку различни проруски интернет групи. СБУ додава дека на Британецот му биле испратени упатства за изработка на импровизирана експлозивна направа и информации за локација на складиште со оружје, од кое, според нив, тој зел пиштол и два наполнети шаржери.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека е запознаено со извештаите за апсењето и дека е „во близок контакт со украинските власти“, додека истрагата во Украина продолжува.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран