УТРО.мк

“Историјата не памти вакво нешто”: Најсмртоносната полициска рација во Бразил – објавени детали

“Историјата не памти вакво нешто”: Најсмртоносната полициска рација во Бразил – објавени детали
Vero

Фотографот Бруно Итан, кој бил сведок на последиците од масовната полициска операција во Рио де Жанеиро, изјави за BBC дека локалното население носело измасакрирани тела по судирите. Најмалку 132 лица загинале, што е најсмртоносната полициска акција во историјата на градот, вклучувајќи и полицајци.

Полицијата блокирала пристап на новинарите до населбата Пенха, каде се одвивала операцијата, но Итан успеал да влезе и останал до утрото. „Бруталноста ме потресе – семејства во тага, мајки кои се онесвестуваат, бесни татковци“, рече тој.

Гувернерот на Рио де Жанеиро, Клаудио Кастро, изјави дека целта била спречување на криминалната организација Командо Вермехо да ја прошири својата територија. Според него, четворицата загинати полицајци се „херои“, а членовите на групата ги нарекол „наркотерористи“.

Полицијата, според сопствените информации, била нападната и со експлозивни дронови.

Врховниот суд на Бразил повика на сослушување, каде гувернерот ќе треба „детално да ги објасни“ постапките на полицијата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран