ОВЕН
Можно е да се чувствувате исцрпено и без нови идеи, а позитивните мисли ви бегаат кога станува збор за работата. Потребна ви е подобра комуникација со личноста што ви се допаѓа. Внимавајте на очите.
БИК
Се чувствувате незадоволни од тековната работа и сѐ повеќе размислувате за промени. Во љубовта, имате впечаток дека нешто недостасува и размислувате за прекин на врската. Можни се респираторни проблеми.
БЛИЗНАЦИ
Финансиските осцилации ве прават несигурни, но ќе дадете сѐ од себе за да ја стабилизирате ситуацијата. Можете целосно да ѝ верувате на саканата личност – нејзината љубов и посветеност се искрени. Пазете се од вртоглавица.
РАК
Имате одлична можност да започнете нов бизнис или проект. Во љубовта, чувствувате разочараност и емоционална дистанца. На здравствен план сте стабилни.
ЛАВ
Не се потпирајте премногу на соработниците – можно е да ве разочараат. Ново познанство може да се покаже како интересно љубовно искуство. Внимавајте на бубрезите.
ДЕВИЦА
По тежок период конечно доаѓа олеснување. Проблемите се зад вас, а љубовниот однос се движи во позитивна насока. Очекувајте пријатни пресврти. Ограничете ги слатките.
ВАГА
Големиот притисок на работа ви создава напнатост. Искреноста кон партнерот може значително да ја подобри вашата врска. Водете сметка за забите.
ШКОРПИЈА
Фокусирани сте на професионалниот успех и не дозволувате ништо да ве одвлече од целта. Во љубовта, сфаќате дека секој однос бара компромис. Внимавајте на грбот и на мускулната вкочанетост.
СТРЕЛЕЦ
Подготвени сте за промени во кариерата, дури и ако тие носат ризик. Во љубовта, барате сериозен партнер, но засега не го наоѓате вистинскиот. Избегнувајте алкохол.
ЈАРЕЦ
Пред вас се отвораат нови можности и промени на работа. Верувајте во себе и во сопствените способности. Личноста која ви се допаѓа буди силни емоции. Потребен ви е одмор и квалитетен сон.
ВОДОЛИЈА
Новата работна шанса може да биде клучна за вашата иднина. Во љубовта следува период на недоразбирања и тензија. Нервниот систем ви е чувствителен.
РИБИ
Денес сте полни со инспирација и креативна енергија – искористете ја максимално. Во љубовта, вашиот став се менува и можно е да посакате дистанца или прекин. Физички сте во добра форма.































