УТРО.мк

Големо реструктурирање во грчката пошта: Затворање на речиси половина од филијалите

Големо реструктурирање во грчката пошта: Затворање на речиси половина од филијалите
Vero

Речиси половина од филијалите на Грчката пошта (ЕЛТА) ќе бидат затворени од 3 ноември, како дел од финансиската рационализација што компанијата ја спроведува од 2023 година.

Според „Катимерини“, 204 од вкупно 456 филијали ќе прекинат со работа, од кои 40 се наоѓаат во Атика, што претставува намалување од околу 45% од вкупната мрежа.

Раководството на ЕЛТА образложува дека станува збор за пошти со низок сообраќај и ограничена комерцијална активност, чиј престанок е неопходен за рационализација на трошоците. Сепак, извори наведуваат дека не сите затворени филијали биле непрофитабилни, што ја отвора дебатата за критериумите на селекција.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран