УТРО.мк

Николовски: Кичево е Македонија – во недела поддршка за број 9 и д-р Јовановски

Николовски: Кичево е Македонија – во недела поддршка за број 9 и д-р Јовановски
Vero

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, вечерва ја заокружи изборната кампања со митинг во Кичево, каде упати порака за обединување и промени.

„Кичево е Македонија! Оваа прекрасна изборна кампања ја завршувам вечерва токму овде, во Кичево! Д-р Александар Јовановски ќе биде новиот градоначалник,“ порача Николовски пред присутните граѓани.

Тој истакна дека следува период на целосен препород за Кичево и најави силна посветеност на проектите кои ќе го подобрат животот на граѓаните.

„Ќе се посветиме со сите сили за целосен препород на Кичево,“ рече Николовски, повикувајќи на масовна излезност на изборите во недела и поддршка за број 9 на ливчето – д-р Александар Јовановски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран