Во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, вечерта се одржа концерт на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ кој заврши со вистински инцидент. Според очевидци, за време на настапот пејачката во еден момент развила бугарско знаме, што предизвикало бурна реакција кај присутните.
Публиката веднаш почнала да ја исвиркува, а дел од посетителите ја напуштиле салата во знак на револт. Настанот, кој требаше да биде вечер исполнета со музика и забава, добил неочекуван политички тон и предизвикал лавина коментари на социјалните мрежи.
СКАНДАЛ во Велес: Цеца го разви бугарското знаме pic.twitter.com/EIR8rFAkEK
— Булевар.мк (@bulevarmk) October 31, 2025































