УТРО.мк

Витаминска бомба: Напиток што ќе го препороди вашиот организам

Витаминска бомба: Напиток што ќе го препороди вашиот организам
Vero

Комбинацијата на лимон, ѓумбир и мед претставува исклучително делотворен природен лек со бројни благотворни својства.

Ѓумбирот ја стимулира секрецијата на слуз, со што го олеснува кашлањето и го смирува иритираното грло. Благодарение на своите антибактериски, антигабични и детоксикациони својства, често се користи како природна заштита од настинки и грип.

Потребни состојки:

1 поголем лимон

200 мл домашен мед

1 среден корен ѓумбир

Начин на подготовка:

Измијте го темелно лимонот и излупете го ѓумбирот, па исечете ги на помали парчиња. Ставете ги во блендер и измелете додека не добиете хомогена смеса. Додадете малку мед и вашиот енергетски напиток е подготвен. Префрлете го во тегла и чувајте го во фрижидер.

Начин на употреба:

Се препорачува оваа смеса да се зема еднаш дневно, на празен стомак, наутро. По желба, може да се додаде и малку лук за дополнително зајакнување на ефектот на напитокот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран