Американскиот претседател Доналд Трамп со изјавата дека САД „веднаш започнуваат нуклеарни тестови“ всушност испратил порака кон Русија, пишува финскиот весник Helsingin Sanomat.
Изјавата доаѓа еден ден по објавата на Владимир Путин дека Русија успешно го тестирала подводното торпедо „Посејдон“ со нуклеарен погон, оружје кое, според него, „нема преседан и не може да биде пресретнато“.
Весникот предупредува дека ако Трамп навистина мисли на детонација на нуклеарно оружје, тоа би можело да предизвика „историски проблем со несогледливи последици“.
Трамп во четвртокот објави дека наредил активирање на нуклеарниот тест-програм на САД, додавајќи дека „процесот почнува веднаш“. Неговата порака доаѓа по распоредувањето на две американски нуклеарни подморници поради наводни руски закани.
Од Кремљ реагираа смирено – портпаролот Дмитриј Песков рече дека изјавата е „политичка порака, а не почеток на нова трка во вооружување“.
Ден пред тоа, Путин објави дека Русија успешно го завршила тестирањето на крстосувачката ракета „Буревесник“ со нуклеарен погон, која може да лета над 14.000 километри.
Аналитичарите оценуваат дека двете изјави претставуваат нов бран на стратегиско надметување меѓу Вашингтон и Москва, во кое симболиката на оружјето станува средство на политички притисок.































