УТРО.мк

Во Газа пристигнаа телата на 30 Палестинци

Во Газа пристигнаа телата на 30 Палестинци
Vero

Израел ги врати телата на уште 30 Палестинци во Газа во рамки на тековниот договор за размена на тела според американскиот план за прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хамас, соопшти денеска локална болница.

Медицинскиот комплекс Насер во Кан Јунис потврди дека „тела на 30 палестински затвореници се примени од Израел како дел од договорот за размена“, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Според договорот, Израел треба да врати по 15 посмртни останки за секој починат заложник кој го вратил Хамас. Со денешното примопредавање во Газа, вкупно се вратени 225 тела.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран