УТРО.мк

Британски новинар тврди: Европа крева раце од Украина? Украинските сили можат да издржат до пролет?

Британски новинар тврди: Европа крева раце од Украина? Украинските сили можат да издржат до пролет?
Vero

Британскиот новинар Роджер Бојс, поранешен дописник од Москва и Источна Европа, предупредува дека украинската војска може да доживее колапс веќе оваа зима. И покрај отпорот на Украина, ресурсите и политичката волја на Западот се исцрпени.

„Оваа зима може да биде последна за Зеленски. Парите за оружје, греење и здравство пресушуваат, а западната решеност да ја брани независната Украина исчезнува“, пишува Бојс. Тој додава дека одбраната на Украина повеќе не е приоритет на Западот, а новите санкции кон Русија и украинските напади не го менуваат текот на војната.

Русија планира зимска офанзива кон источните одбранбени линии, со мобилизација на 350.000 нови војници, со цел украинските финансии да колабираат напролет. Користењето дронови и напади врз енергетската инфраструктура и железницата ќе создадат притисок врз населението и Зеленски да прифати неповолен мировен договор.

Бојс заклучува дека вистинските трошоци од оваа зима ќе се мерат во човечки жртви и трајни последици, а градовите ќе бидат полни со повредени и разочарани луѓе. „Во источна Европа нема зимски чуда. Подгответе се за тежок мир“, вели тој.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран