Изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за нуклеарни тестирања влијаат на стратешката стабилност, и не е пожелно таа да се влошува, изјави денес секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу.
Тој истакна дека нуклеарните тестирања во Русија секојдневно се изведуваат, но не се физички, туку се базираат на математички модели. „Таквите испитувања се неопходни за континуирано следење и усовршување“, додаде Шојгу.
Рускиот министер за одбрана нагласи дека полигонот за нуклеарно оружје е секогаш подготвен за употреба „во било кое време, ако биде потребно“.
Шојгу потсети дека ракетните системи „Буревестник“ и „Посејдон“ не треба да изненадуваат, затоа што претседателот Владимир Путин ги најави уште во 2018 година. „Ако некој сметаше дека ова е изненадување, сега ќе мора да поверува“, рече Шојгу.































